AMD Strela

 

Пронајдени череп, коска и делови од облека кај Богданци

Пронајдени череп, коска и делови од облека кај Богданци
Објавено на: 25 Nov 2019

Вчера  во 7:30 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во атар на Богданци бил пронајден човечки череп, коска и делови од облека, соопштија денес од СВР Струмица.

Според пријавеното, пронајдената облека соодветствува со онаа што ја носел М.И. (61), кој неодамна се оддалечил од својот дом во Богданци и имал нарушено здравје.

Увид извршила екипа на Полициска станица Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител пронајденото е предадено на вештачење.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK