AMD Strela

 

Црвен крст Струмица организираше симулациска вежба за извлекување при земјотрес

Црвен крст Струмица организираше симулациска вежба за извлекување при земјотрес
Објавено на: 28 Nov 2019

Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Струмица вчера во ООУ „Маршал Тито“ Струмица организираше симулациона вежба при земјотрес, каде се изврши евакуација на учениците, наставничкиот кадар и другиот персонал, извлекување и давање на прва помош на повредени од објектот.

Млади волонтери на Црвен крст од училиштето, обучени по прва помош го вршеа извлекувањето и давањето на прва помош на повредените.

Во вежбата учествуваа 7 волонтери на Црвен крст Струмица, претставници од ДЗС и РЦУК Струмица, кои вршеа евалуација за успешноста на вежбата. Одговорното лице во училиштето ги изврши претходните едукации и подготовки за успешно изведување на вежбата, каде во двете смени имаше учество на вкупно околу 800 ученици и 50 лица од наставничкиот и другиот кадар.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK