AMD Strela

 

Уредување на каналот на „Крушевска република“ доби најмногу гласови од граѓаните на Буџетскиот форум

Уредување на каналот на „Крушевска република“ доби најмногу гласови од граѓаните на Буџетскиот форум
Објавено на: 28 Nov 2019

Проектот за уредување на каналот на „Крушевска република“ и Адаптација на улици и тротоари за достапност на лица со посебни потреби и поставување на рампи и звучна сигнализација добија најмногу гласови од граѓаните на последната форумска сесија на Буџетскиот форум на општина Струмица што се одржа вечерва.

Програмите за изградба на мрежа за гас и нови канализации според гласовите на граѓаните, се на второ и трето место, а проектите-поставување и обележување на автобуски постојки на места каде се чека за превоз на ученици и реконструкција на основни училишта за енергетска ефикасност на зградите, се второ и трето пласирани.

На досегашните четири форумски сесии граѓаните предложија вкупно 10 буџетски програми и 13 проекти, а од нив избраа по три кои ќе се реализираат идната година.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK