AMD Strela

 

Јавен повик за свикување на Буџетски форум во општина Богданци

Јавен повик за свикување на Буџетски форум во општина Богданци
Објавено на: 02 Dec 2019

Врз основа на член 82-а став 1  од  Статутот на општина Богданци  (“Службен гласник на општина Богданци“  бр.04/05…09/19) и член 12 од Правилникот за организирање и одржување на форуми на заедниците на општина Богданци ( “Службен гласник на општина Богданци“ бр.06/11), Градоначалникот на Општина Богданци, објавува

 ЈАВЕН ПОВИК

за свикување на Буџетски форум во Општина Богданци за 2020 година

 Се повикуваат сите граѓани на општината, бизнис секторот, невладините организации и сите други заинтересирани субјекти (правни и физички лица) да присуствуваат и рамноправно да учествуваат во работата на првата сесија на Буџетскиот форум.

Основаната цел на ораганизирањето на  овој форум е преку директно, партиципативно учество граѓаните да добијат можност да придонесат во креирањето на Буџетот на општина Богданци за 2020 година. Ова претсавува добар начин за пододбра распределба на ограничените буџетски средства и постигнување поголем ефект при нивна реализација.

Општина Богданци на овој начин ја искажува  својата транспарентност , излегувајќи им во пресрет на барањата на граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

Форумот ќе се одржи во просториите на Домот на културата “Бранд Петрушев“  во Богданци на 2 декември 2019 година (понеделник) во 18:00 часот.

Извор: Соопштение на општина Богданци

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK