AMD Strela

 

Малолетници излетале со автомобил на патот Струмица-Радовиш

Малолетници излетале со автомобил на патот Струмица-Радовиш
Објавено на: 30 Dec 2019

Вчера околу 17.40 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 16 - годишен малолетник од Струмица, излетало надвор од патот.

Во незгодата, сопатниците А.О.(20) и 13-годишен малолетник, двајцата од Струмица, се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот и уште двајца малолетни сопатници, на возраст од 14 и 15 години, двајцата од Струмица, се здобиле со телесни повреди. Тие биле пренесени во Клинички центар Штип за укажување на лекарска помош.  

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Извор:МВР-билтен

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK