AMD Strela

 

Предбожикен хуманитарен базар на СДСМ-Струмица

Предбожикен хуманитарен базар на СДСМ-Струмица
Објавено на: 04 Jan 2020

Струмичките социјалдемократи денеска ја покажаа својата хуманост на дело. Наместо предновогодишен коктел организираа предбожиќен базар на кој со свои домашни специјалитети учествуваа членови на Форумот на жени на ОО СДСМ СТРУМИЦА.

На базарот присуствуваа и лидерот на СДСМ Зоран Заев со сопругата Зорица, градоначалникот Коста Јаневски, пратеници, членови и симпатизери на СДСМ и хумани граѓани на Струмица. Собраните средства од овој хуманитарен настан ќе им бидат дадени на семејства на кои им е потребна помош. 

Обраќање имаше претседателката на Форумот на жени на СДСМ Струмица, Каролина Дончева.

-Ви благодарам на сите што дојдовте на овој предбожиќен пазар кој го организира Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – Струмица, а во кој со свои дела учествуваат жените – социјалдемократи, столбот на партијата, а во кои својата доверба повеќепати ја нагласил и нашиот лидер, Зоран Заев. Хуманоста и желбата да се помогне на тие на коишто им е потребна помош, била и останува препознатлив белег на нашата партија. На секоја пружена рака за помош ја подаваме и нашата и несебично помагаме. Така и ја започнуваме оваа Нова година. Се откажавме од традиционалниот предновогодишен коктел и пред големиот празник Божик, го одржуваме овој хуманитарен настан, а со собраните парични средства од него ќе им помогнеме на семејствата на кои им е потребна нашата помош, рече Дончева.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK