AMD Strela

 

Утре детска Бадникарска поворка во Струмица

Утре детска Бадникарска поворка во Струмица
Објавено на: 05 Jan 2020

Струмичката православна епархија ги известува сите православни христијани дека и оваа година традиционално организира Божикна литија.

-Ги покануваме сите деца од нашата света Епархија, да се приклучат на литијата, која ќе се одржи на 6 Јануари (Бадник), во 10.00 часот. Детската поворка ќе тргне од пред храмот на Св. Димитриј и Св. Григориј Палама, низ градските улици, преку плоштадот, низ старата чаршија до храмот Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици. Таму децата ќе бидат пречекани и ќе добијат благослов од Епископот Стобиски г. Јаков.Пеејќи ја божикната песна децата ќе станат гласници, како некогаш ангелите, на радосната вест за Христовото раѓање, објавувајќи ја на целиот град, стои во соопштението на Струмичката православна епархија.

Фото: архива

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK