AMD Strela

 

Струмичките гимназијалци по десетти пат со песна ја покажаа својата хуманост

Струмичките гимназијалци по десетти пат со песна ја покажаа својата хуманост
Објавено на: 05 Jan 2020

Деведесет поранешни и сегашни ученици на Гимназијата „Јане Сандански“ заедно со училишниот хор по десетти пат ја покажаа својата хуманост на традиционалниот новогодишно-божикен концерт, оваа година насловен како „Деценија“.

На сцената во Центарот за култура се појавија поранешни и сегашни ученици, а меѓу нив и Александра Јанева, Јовче Пандев, Ивана Василева, Ристе Гавровски, Ангела Илиева и други имиња кои се дел од македонската естрадна сцена и при тоа изведоа прекрасни композиции од повеќе музички жанрови.

Концертот е со поддршка на општина Струмица, а во публиката беа и градоначалникот Коста Јаневски со дел од советниците, пратеници, сопругата на лидерот на СДСМ и досегашниот премиер, Зоран Заев,Зорица и Епископот Стобиски господин Јаков.

Парите од влезниците ќе бидат наменети за лекување на 21-годишниот Стојче Јовановски, а дел од нив за збогатување со инструменти на Кабинетот по музика во СОУ „Јане Сандански“.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK