AMD Strela

 

Божикна честитка од градоначалникот на Струмица Коста Јаневски

Божикна честитка од градоначалникот на Струмица Коста Јаневски
Објавено на: 06 Jan 2020

Почитувани сограѓани, Вам, кои го славите Божик според Грегоријанскиот календар, Ви посакувам овој голем христијански празник да ги осветли и огрее Вашите домови и да Ви дарува љубов, семејно спокојство и неизмерна радост.

Славењето на Бадник и Христовото раѓање нека Ви помине во духот на простувањето, добрината и човечноста.

При секој Ваш поздрав „Христос се роди“ или отпоздравување со „Вистина се роди“ , на љубовта нека Ви биде возвратено со љубов. Благословено и вековито нека Ви биде празнувањето.

ЧЕСТИТ БОЖИК.

Коста Јаневски

Градоначалник на општина Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK