AMD Strela

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев со сопругата Зорица на Божик во манастирот во Водоча

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев со сопругата Зорица на Божик во манастирот во Водоча
Објавено на: 07 Jan 2020

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев зедно со сопругата Зорица денес на Божик беше во манастрот „Свети Леонтиј“ во Водоча, а тоа го објави на својот профил на фејсбук. При тоа Заев ја упати следнава порака за големиот христијански празник, раѓањето на Исус Христос.

„Секој од нас лично ја има можноста да го послуша гласот на совеста. Секој може да се надрасне себеси и уште поопределено да дејствува за доброто на заедницата, за доброто на децата и родителите, за семејството, за себе и секако за доброто на нашата земја во којашто живееме, работиме, твориме, учиме.

Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред којашто сме исправени, да стоиме искрено и храбро на страната на вистината, правдата, мирот и љубовта.

Затоа, на Божик секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон радоста и солидарноста.

Христос се роди!“

Извор:ФБ профил на Зоран Заев

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK