AMD Strela

 

Дваесет и едно годишно момче загина во сообраќајка кај Ново Село

Дваесет и едно годишно момче загина во сообраќајка кај Ново Село
Објавено на: 13 Jan 2020

Синоќа во 00.30 часот на магистралниот пат Ново Село - Смоларска крстосница, на излез од Ново Село, се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(24) од село Рич и патничко возило „мерцедес бенз“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(23) од село Ново Коњарево, сопштија денес од СВР Струмица.

Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз“, И.И.(21) од село Ново Коњарево, а со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“, Д.Д. и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, додека со телесни повреди се здобил В.Ч., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица. Сообраќајот бил во прекин и пренасочен по локалните патишта од 00:45 до 04:00 часот.

Фото:архива        

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK