AMD Strela

 

Општина Богданци ќе изврши дезинфекција на јавните површини

Општина Богданци ќе изврши дезинфекција на јавните површини
Објавено на: 18 Mar 2020

Согласно последните заклучоци донесени од Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија треба да направат  дезинфекција на улиците и јавните површини на својата територија.

Согласно горенаведеното, Ве известуваме дека општина Богданци на својата територија ќе врши дезинфекција на ден 19.03 2020 година во вечерните часови.

За таа цел, Ве замолуваме Вашите возила да не ги оставате на улиците односно јавните површини за да може непречено да се изврши дезинфекцијата односно да се постигне саканата цел.

Извор:Соопштение на општина Богданци

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK