AMD Strela

 

Два месеци од исчезнувањето на Марија Брзакова

Два месеци од исчезнувањето на Марија Брзакова
Објавено на: 18 Mar 2020

На денешен ден се навршуваат два месеци од исчезнувањето на Марија Брзакова (28) од Босилово, од која нема никаква трага, ниту глас. Таа исчезна на 18 јануари годинава во утринските часови, а десет денови по нејзиното исчезнување истрагата за неа ја води Основното јавно обвинителство во Струмица.

Од ОЈО Струмица информираат дека нема нови информации, а истрагата интензивно продолжува заедно со полицијата.

Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна на 18 јануари годинава. Таа била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг .

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK