AMD Strela

 

Градоначалникот Јаневски одржа состанок со кординаторите на советничките групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ

Градоначалникот Јаневски одржа состанок со кординаторите на советничките групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ
Објавено на: 19 Mar 2020

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, одржа состанок со координаторот на советничката група на СДСМ, Јосиф Христов, координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Митко Дрвошанов, а присуствуваа и секретарот на Општината Александар Оџаков и претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ и членот на Советот, Александар Донев. На состанокот беше потврдена заложбата за заедничка вклученост на сите релевантни фактори, вклучително и претставници од советничките групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во борбата со предизвиците коишто ги носи актуелната состојба и преземање конкретни мерки во наредниот период, а согласно ингеренциите на Општината.

Заеднички беше заклучокот дека како граѓани коишто живеат во оваа Општина, се со исти ставови и мислења и со ваков пристап на заедничка соработка ќе се покаже поголема ефикасност во справувањето со ситуацијата.

Поздравени се сите досегашни мерки кои ги презеде Општината и истите ќе продолжат со зајакнување и поддршка од сите релевантни надлежни институции.

Градоначалникот Јаневски ги информираше дека од 16 март е активиран Општинскиот штаб за заштита и спасување и работи согласно законските надлежности.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK