AMD Strela

 

Втора жртва од коронавирусот, почина 63 годишен жител на Дебар

Втора жртва од коронавирусот, почина 63 годишен жител на Дебар
Објавено на: 23 Mar 2020

Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус, соопшти министерството за здравство.

Станува збор за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, и тој е втората жртва на болеста.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK