AMD Strela

 

Уапсени двајца во Радовиш заради непочитување на полицискиот час

Уапсени двајца во Радовиш заради непочитување на полицискиот час
Објавено на: 23 Mar 2020

Од страна на полициски службеници  на крстосница во Радовиш на даден знак „Стоп Полиција“ на автомобил „цитроен“ со радовишки регистарски ознаки,  возачот не застанал и продолжил да се движи.

Автомпбилот бил  проследен и запрен  при што било констатирано дека го управувал А.Р (25) со совозач МД (24) двајцата од село Калуѓерица. Двајцата не се придржувале на Одлуката на Владата на РСМ и  воведениот полициски час.  

Поради постоање на основано сомнение за сторено кривично дело  по чл.206 од КЗ на РСМ двајцата се лишени од слобода и задржани во просториите на Полициската станица во Радовиш.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK