AMD Strela

 

Полицијата апелира за строго почитување на одлуката на Владата за забрана на движењето

Полицијата апелира за строго почитување на одлуката на Владата за забрана на движењето
Објавено на: 24 Mar 2020

Секторот за внатрешни работи Струмица, упатува апел до  сите граѓани на подрачјето, строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана на движењето од 21:00 до 05:00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.  

Апелираме да се почитува забраната за движење на лицата  и со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 6:00 часот наредниот ден како и  забраната за движење на лицата со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, напоменуваме  дека  се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден. Новите одлуки  на Владата за ограничување на движењето важат од 24 март 2020 година.

 Граѓаните, можат да ги пријавуваат сите случаеви на лица кои ги прекршуваат одредбите на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192.

Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, доколку  пак се утврди дека сторената активност има елементи на прекршок ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против сторителот/те.

СВР-Струмица будно ќе ја следи состојбата.

Извор:Соопштение на СВР Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK