AMD Strela

 

Изгоре ТВ канал ВИС, пожар во една од зградите на поранешната касарна

Изгоре ТВ канал ВИС, пожар во една од зградите на поранешната касарна
Објавено на: 25 Mar 2020

Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна каде се сместени просториите на регионалната ТВ канал ВИС. Во пожарот кој изби зафатени беа телевизкото студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата, објави телевизијата на својата веб страница

Во гаснењето на пожарот учествувале сите пожарникари и возила на ТППЕ Струмица и по  6 часови пожарот е ставен под контрола.

Според командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев, во гаснењето полесно се повредени тројца пожарникари, од кои двајца се во болница, а еден има повреда на ногата.

Од пожарот е зафатен еден текстилен погон и дел од Социјалниот повеќенаменски центар, а штетатата дополнително ќе се утврдува.

-ТВ канал ВИС нема да ги остави гледачите без содржини. Телевизиските екипи ќе работат и понатаму на терен, ќе ги информираат граѓаните за се што се случпува во регионот преку официјалната web страна, фан страната на facebook, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот youtube канал. напишаа колегите на нивната веб страница.

Фото: ТВ канал ВИС

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK