AMD Strela

 

14 лица од Струмица, Валандово,Радовиш и Гевгелија не ја почитувале забраната за движење

14 лица од Струмица, Валандово,Радовиш и Гевгелија не ја почитувале забраната за движење
Објавено на: 25 Mar 2020

Ноќта меѓу 24 и 25 март на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица 14 лица, од кои 1 е лице над 67 годишна возраст и 13 се останати граѓани кои ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од страна Владата и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно го прекршиле полицискиот час со предвидените забрани за движење во определен период.
Седум од овие лица се затекнати на подрачје на Полициска станица Струмица, 4 на подрачје на Полициска станица Радовиш, 2 на подрачјето на Полициска станица Валандово и 1 на подрачје на Полициска станица Гевгелија.  

Во просториите на полициските станици се приведени 7 лица.

Извор:Соопштение СВР-Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK