AMD Strela

 

Затворени сите пазари во Струмица

Затворени сите пазари во Струмица
Објавено на: 26 Mar 2020

Општинскиот штаб за заштита и спасување кој постојано ја следи актуелната состојба со корона вирусот и презема мерки за заштита на здравјето на граѓаните, донесе наредба со која го задолжи Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ да ги затвори сите пазари во градот.

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ЈПКД „ Комуналец „ Струмица  ги известува сите граѓани дека од сабота 28 март сите пазари за прехранбени и земјоделски производи на отворено, вклучително и Кванташки и Сточниот пазар,  се затворат за работа.

Општинскиот кризен штаб апелира до граѓаните за разбирање и почитување на оваа и сите останати мерки кои се преземаат за заштита од ширењето на корона вирусот.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK