AMD Strela

 

Тринаесет лица од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија не ја почитувале наредбата за полициски час

Тринаесет лица од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија не ја почитувале наредбата за полициски час
Објавено на: 26 Mar 2020

Ноќта на 25/26.03.2020 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица 13 граѓани ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од страна Владата и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно го прекршиле полицискиот час со предвидените забрани за движење во определен период, соопштија од СВР-Струмица.
Седум од овие лица се затекнати на подрачјето на Полициската станица Струмица, три на подрачјето на Полициската станица Валандово, две на подрачјето на Полициската станица Гевгелија и едно на подрачјето на Полициска станица Радовиш. Во просториите на полициските станици се приведени три лица.

На 25.03.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени и 7 кривични пријави против 11 лица кои во претходниот период го прекршиле полицискиот час, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РСМ, од кои 4 пријави против 6 лица се поднесени до Основно јавно обвинителство Радовиш, 2 пријави до Основно јавно обвинителство Валандово и 1 до основно јавно обвинителство Гевгелија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK