AMD Strela

 

Татко и син од Мокриево убиени во Швајцарија

Татко и син од Мокриево убиени во Швајцарија
Објавено на: 26 Mar 2020

Наум Колев (47) и неговиот син Доне (23)  од струмичкото село Мокриево се убиени во Швајцарија, а нивните тела се пронајдени денес откако во вторникот им се губи трагата.

Веста е објавена во повеќе медиуми во Швајцарија, а трагичниот настан го потврдија жители на селото Мокриево, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Ново Село и жител на Мокриево, Петар Спасов.

Според швајцарскиот портал „20 минути“ татко и син, на возраст од 47 и 23 години, населени во кантонот Вауд, биле пронајдени мртви во регионот на Соренс (ФР). Тие веројатно биле убиени од огнено оружје, проценува кантоналната полиција на Фрибург, пишува порталот.

Нивното исчезнување во полицијата било пријавено вчера, а по обемната истрага на кантоналната полиција безживотните тела биле проајдени на фарма во регионот Соренс.

Според информации од наши граѓани кои живеат во Швајцарија, таткото и синот заминале во вторникот навечер од својот дом за да си ги повлечат дадените пари за купување на земјоделска механизација.

За убиството полицијата сомничи триесет годишен маж, кај кого по претресот е пронајдено оружје.

 

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK