AMD Strela

 

855 спортисти и спортски работници добија финансиска помош од државата

855 спортисти и спортски работници добија финансиска помош од државата
Објавено на: 16 May 2020

Агенцијата за млади и спорт информираше дека денес се исплатени средствата за месец април, во износ на минимална плата од 14.500 денари за спортистите и спортските работници од првата мерка. 

Владата на Македонија на седницата одржана на четврти април 2020 година донесе уредба за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортската администрација за време на вонредна состојба. Финансиската поддршка  ја реализира Агенцијата за млади и спорт.

По добиените барања од страна на Националните спортски федерации, стручна комисија во рамки на Агенција за млади и спорт одлучуваше по истите.

Листа на сите корисници на помош од државата.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK