AMD Strela

 

Регистрирани 25 нови случаи на ковид-19, тројца починати

Регистрирани 25 нови случаи на ковид-19, тројца починати
Објавено на: 18 May 2020

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.

- Скопје 7
- Прилеп 1.

Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51) хоспитализиран на 4 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK