AMD Strela

 

Почна третирањето против комарци во општините од Југоисточниот плански регион

Почна третирањето против комарци во општините од Југоисточниот плански регион
Објавено на: 18 May 2020

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започна со третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација против ларвицидна и адултна форма на комарци по земјен пат. За разлика од претходните години каде што третирањето беше по авионски пат, оваа година за прв пат се донесе одлука за третирање по земјен пат, со надеж дека со овој метод ќе се постигне поголем ефект и превенција.

Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха. Теренското третирање против ларви од комарци се врши со средство во вид на гранули кои се расфрлаат во плитка застоена вода и ваквото ларвицидно третирање не е штетно за луѓето, пчелните семејства ниту за домашните миленици.

Второто третирање против ларвицидни комарци е предвидено на крајот во овој месец, а додека третирањето на адултните комарци ќе започне во периодот од 6ти до 11ти јуни.

Пред да се започне со третирање против адултни комарци претходно ќе биде објавено известување од Центарот и општините со цел да се известат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK