AMD Strela

 

На Отец Боро му е забрането да биде свештеник

На Отец Боро му е забрането да биде свештеник
Објавено на: 21 May 2020

Поради непочитување на редот и уредбите на парохиската дејност при уставот на МПЦ-ОА, Струмичката епархија донесе одлука со која му се изрекува забрана за свештенодејствие на отец Боро Милчев, против кого ќе биде покрената и дисциплинска одговорност пред Епархискиот црковен суд на Струмичката православна црква.

-По повод манипулативното, неодговорно, и срамно за достоинството на еден свештеник однесување, на свештеникот Боро Милчев, кому што и покрај се, му се остави простор да се поправи и покае, но за жал, иако го посакувавме, се досега тоа не се случи туку напротив без благослов продолжува да врши различни свештенодејствија по домовите и деловните објекти во градот Струмица и пошироко, влегува во парохии каде што не е назначен, без благослов и спротивно на волјата на надлежниот архиереј, се дрзна да отпочне градбa на ,,црковен храм’’ во близина на својот имот во село Смолари,каде што има свој приватен бизнис, без никакво одобрување или знаење на митрополитот струмички г. Наум, и за истиот веќе има решение за рушење, бидејќи се е направено на крајно нелегален и криминален начин.

 

Го известуваме верниот народ на МПЦ-ОА кој живее во Струмичката Православна Епархија, дека на погоренаведениот свештеник му е изречена забрана за свештенодејство се додека не се покае и не се врати во послушание на Црквата и не ја прифати одлуката со која е назначен на парохијата која ги опфаќа селата Дукатино и Радичево, и каде што единствено има благослов да делува како свештеник. На крајот, наша должност е да ве известиме дека овој човек, иако носи свештеничка облека, не доаѓа во име на Црквата, и не го носи благословот Божји, туку напротив ја разградува Црквата и го соблазнува верниот народ, за срам на Црквата, а на штета на својата сопствена душа и лично спасение, стои во соопштението и одлуката на Струмичката епархија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK