AMD Strela

 

Честитка од градоначалникот Јаневски до матурантите

Честитка од градоначалникот Јаневски до матурантите
Објавено на: 21 May 2020

Почитувани струмички матуранти

Во текот на живеењето на секој човек постојат моменти кои остануваат
врежани во меморијата и како такви се паметат до крајот на животот. Еден од тие
моменти за Вас е и матурирањето, односно завршувањето на средното образование, чин со кое Вие свртувате значајна страница од вашите животи.
Завршувањето на едно поглавје секогаш означува почеток на ново поглавје од животот, па токму тој исчекор треба да ве прави горди и среќни.
За жал, вашето матурирање се случува во време на пандемија која е сериозна
закана за здравјето на граѓаните, па токму од таа причина неможно е да се одржат и вашите долгоочекувани матурски вечери кои требаше да бидат круна на четиригодишниот образовен растеж на Вашата генерација. Но, имајќи во предвид
дека матурирањето и полнолетството најчесто се нарекуваат „испит на зрелоста“,
се надевам дека со зрелост и големина ќе се издигнете над таа состојба. На крајот на краиштата, треба да знаете дека не сте сами во сево ова, дека истата бариера ја споделувате со вашите врсници – матуранти од целиот свет. Верувам дека понатаму низ животот ќе знаете да кажете: „ние бевме генерацијата матуранти која исправено и гордо ја понесе одговорноста за нашето здравје и за здравјето на сите околу нас“.
Од срце ви го честитам матурирањето и ви посакувам успешно совладување на сите понатамошни предизвици во животот и непречено чекорење по животните патеки, со надеж дека водени од вашата желба и инвентивност, сепак ќе изнајдете начин во текот на летниот период, да го одбележите соодветно вашето матурирање.

Бидете ми здрави, живи, среќни и успешни.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK