AMD Strela

 

„Комуналец“ почна со чистење на јавни површини покрај тротоарите

„Комуналец“ почна со чистење на јавни површини покрај тротоарите
Објавено на: 21 May 2020

Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“ освен редовното собирање на смет, метење и чистење на улици и тротоари започна и со чистење на јавните површини кои се наогаат покрај тротоарите низ градот.

На улицата 11 Септември се исчисти јавната површина од трева и нискостеблести растенија со што се подобри изгледот и пред се хигиената на тој дел од улицата.

Сепак се молат сите граѓани својот отпад да не го истурат на јавните површини туку во кантите за отпадоци, а својот градежен шут и кабестиот отпад (материјали од кроење дрва и средување на дворовите) да го пријават во Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“ за да може истиот да биде навремено подигнат.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK