AMD Strela

 

Јавен повик од општина Струмица до економските оператори-маркети

Јавен повик од општина Струмица до економските оператори-маркети
Објавено на: 22 May 2020

Штабот за заштита и спасување на општина Струмица го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК:
Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги стават на располагање своите маркети со цел обезбедување на НАЈНЕОПХОДНИТЕ НАМИРНИЦИ И ТОА ИСКЛУЧИВО ПРЕКУ ДОСТАВА, а согласно приоритетните барања на граѓаните за времетраењето на полицискиот час во престојниот празничен викенд 24 и 25 мај (недела и понеделник) своите ПРИЈАВИ да ги достават на следната е-маил адреса: info@strumica.gov.mk.
Рок за достава на пријавата е до 23.05.2020 (сабота) до 15 часот.
Во пријавата потребно е да се наведе целосен назив на фирмата.
Економскиот оператор потребно е лицето кое ќе ја врши доставата да го најави во Секторот за внатрешни работи Струмица, со цел непречено да ја врши доставата за време на забраната за движење.
Старите и изнемоштени лица да ги користат телефонските броеви на волонтерите на општина Струмица (071 345 901, 075 271 710) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош во пазарување на основни намирници и лекови, како и плаќање на сметки.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK