AMD Strela

 

ОО СДСМ Струмица: Да излеземе како победници од битката со корона вирусот

ОО СДСМ Струмица: Да излеземе како победници од битката со корона вирусот
Објавено на: 22 May 2020

  Интегрален текст од прес-конференција на Марија Витанова, ОО СДСМ Струмица

           Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите

            Пандемијата од „Ковид 19“ го промени животот на граѓаните од сите светски меридијани. Коронавирусот не потсети дека сите сме ранливи и дека треба да бидеме одговорни и сериозни при ваков и сличен предизвик за да го зачуваме сопственото здравје, но и здравјето на луѓето околу нас.

            Република Северна Македонија е дел од светот, па така и ние нејзините граѓани, се соочуваме секојдневно со опасноста што не демне. Во вакви услови на вонредна состојба мораме да покажеме на дело дека сме свесни и цивилизирани луѓе. Здравствените работници и покрај својата стручност и пожртвуваност во извршувањето на својата хумана дејност, не ќе можат сами да се справат со големиот предизвик, доколку граѓаните доследно не ги почитуваат  определените мерки.

            За да го зачуваме здравјето, за да се одржува епидемијата под контрола и за да дочекаме подобри денови и враќање на животот во нормала, мораме да го дадеме својот придонес. Затоа, да ја одржуваме неопходната дистанца од 1,5 до 2 метри, да избегнуваме групирање, задолжително да носиме заштитна опрема (маска, марама или шал) на отворено и во затворени простории (во институциите кои ги посетуваме и во кои работиме), да ги миеме често рацете и да вршиме честа дезинфекција на предметите и просториите.  Само така ќе успееме да се заштитиме од коронавирусот. Само така ќе ги заштитиме членовите на нашите семејства, но и луѓето од нашето опкружување.

            Првиот случај на заболен граѓанин од коронавирус во општина Струмица, ни дава до знаење дека не смееме да се опуштиме. Овој подмолен вирус подеднакво е опасен за секој од нас. Почитувањето на мерките за лична заштита засега е единствениот начин за справување со него. Ако го имаме тоа на ум, сите ќе излеземе како победници од таа битка со противникот.

           

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK