fbpx

Tags : Пожар

Премиерот Заев на увид по пожарот на „Глобал” во Струмица

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Струмица изврши увид на штетата која е направена по пожарот кој синоќа го зафати Трговскиот центар  „Глобал“. При увидот беше изразено големо жалење за страшната слика од остатоците на пожарот, кој зафатил продавници во приземјето и се проширил на првиот кат и пазарот. Премиерот Заев изрази жалење за […]

Општина Струмица ќе помогне во санирањето на штетите од пожарот

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски објави дека Општина Струмица во рамките на своите можности ќе направи се да им помогне во санирањето на штетите од големиот пожар кој синоќа пред полноќ избувна во Трговскиот центар „Глобал“. -Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“. Изгорени се повеќе трговски […]

Пожарот во „Глобал“ се гаснеше пет часа

Пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица избувнал синоќа во 23:12 часот,а гаснењето траело скоро 5 часови, односно е изгаснат во 03:50 часот, информираше денеска командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Во гаснењето учествувале вкупно 61 пожарникари со 18 возила. Покрај целиот состав на ТППЕ Струмица, во гаснењето учествувале и пожарникари од Радовиш, Кавадарци, Штип […]

Пожарот во „Глобал“ е изгаснат, штетите ќе се мерат во

Изгорени се над десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите, исто така, во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови од првиот, вториот и третиот кат од Трговскиот центар “Глобал“. Ова е првичниот биланс од големиот пожар кој избувна синоќа по 23:00 часот во […]

Полициски билтен: пожар во Штука, физички напад во Чанаклија

Вчера во 19:00 часот во Полициско одделение Ново Село било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на  К.Д. (28) во село Штука, струмичко, при што биле опожарени делови од покуќнина. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а увид на местото извршиле екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица […]

Изгоре куќа во Просениково

Денеска во 07:50 часот во село Просениково, ТППЕ Струмица со 2 против пожарни возила и 7 пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запалена куќа. Причинета е материјална штета, а повредени нема. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.

Струмичките пожарникари вчера гаснеа три пожари

Вчера во попладневните часови, струмичките пожарникари имале уште две интервенции и тоа, во 15:40 со 2 против пожарни возила и 9 пожарникари на улица „1 ви Мај“ интервенирале на гаснење на кровна конструкција, а пожарот е целосно изгаснат во 18:00 часот. Во 16:03 часот, со 4 пожарникари и едно возило во кругот на поранешната фабрика […]

Пожар проголта помошни простории во Хамзали

Денес во 08:04 часот во Хамзали, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 8 пожарникари интервенираше на гаснење на запален објект, кој бил користен како помошни простории, информираа струмичките пожарникари. Пожарот избувнал во објект кој се наоѓа во кругот на АД „Оранжерии Хамзали“, во близина на истоименото село. Пожарот е целосно изгаснат во 10:15 […]

Гори депонијата кај Ново Село

ЈПКД „Комуна“, во соработка со против пожарните единици на Ново Село и Струмица,, прават напори да го изгаснат пожарот кој гори на депонијата „Солена Река“ Ново Село, меѓутоа поради недостапноста и локацијата, односно подземен пожар, тој продолжува да гори но нема опасност да се шири надвор, информираа денес од Општина Ново Село. -Тие и понатаму […]

Голем пожар на депонијата кај Добрашинци

Голем пожар избувна на депонијата кај селото Добрашинци во која се одлага отпадот од општините Струмица и Василево. Избувнувањето на пожарот го потврди командирот на Територијалната против пожарна едница на Струмица, Александар Гудев, кој информираше дека според првичните информации пожарот зафатил поголема површина, а силниот ветар го проширува кон акумулацијата „Турија“. Екипи на ТППЕ Струмица […]