Јанков на средба со струмичките бизнисмени: Потребен е отворен дијалог за посилен економски развој
15. издание на „100 илјади поети за промена“
Во Заводот за заштита на спомениците од културата и музеј во Струмица вечерва во 19.30 часот ќе се одржи 15. издание на манифестацијата „100 илјади поети за промена“. Прво ќе боде промовирана истоимената збирка и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети, меѓу кои гостите од Унгарија, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Србија, Бугарија и од Македонија.
Во 21.30 часот во кафулето „Нагоре“ ќе биде отворена изложба на плакатите од изминатите години и концерт на хип-хоп составот „Пука козметика“. Манифестацијата е поддржана од градоначалникот Костадин Костадинов од Општина Струмица и Фондацијата „Заев“.