Вчера во 22:35 часот во Полициска станица Валандово В.Ј. (55) од село Јосифово пријавил дека околу 22:30 часот пред спортска обложувалница во село Јосифово Д.К. од село Јосифово бил физички нападнат од С.К. (42) од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вчера во 21:40 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека Н.Н. (59) од Радовиш скршил апарат за игри на среќа во казино во Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 14.30 часот на улица „Младинска“ , ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 5 пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запалена плинска боца која се користела за загревање на дуќан за зеленчук и овошје. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.
На Граничниот премин „Богородица“, при влез во Република Северна Македонија, на товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, извршена е детална контрола на возилото од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, соошштија денес од Царинската управа. Притоа, во палетарката од десната страна биле пронајдени 6 картонски кутии со разни лекови и тоа: […]
Вчера околу 16.00 часот во СВР Струмица, 46 годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во с.Борисово, сопственост на Т.И.(60), врз неа била извршена обљуба од Т.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи околу 18:00 часот на патот Струмица-Радовиш, кај селото Сулдурци, информираа од СВР Струмица. Во несреќата учествувале два автомобила, а сообраќајот на овој патен правец беше во преки повеќе од два часа и се пренасочуваше по стариот пат.
Вчера во 18:45 часот во Полициска станица Струмица О.Ѓ.(22) од село Просениково пријавил дека околу 18:00 часот во село Просениково бил физички нападнат од П.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) и двацата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело ”Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, соопшти денес […]
Вечерва во 22.00 часот во село Василево, ТППЕ Струмица со 1 против пожарно возило и 3 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалена табла со струјомери. По пристигнувањето на екипа на ЕВН и исклучување на електричната енергија, пожарот е успешно локализиран и изгаснат.
Вчера во 22:55 часот во Полициската станица Струмица, Т.Т.(64) од Струмица пријавил дека на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Струмица бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.