Нa 05.10.2025 во 21:30 часот во село Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода М.Е.(37) од село Калуѓерица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ги нападнал С.Т. и М.Т. од истото село, а со употреба на сила и предмети ја оштетил и нивната куќа. М.Е. е задржан […]
СВР Струмица соопшти дека вчера во 12:30 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ш.М.(63) од истото село. Тој се сомничи дека на први овој месец, околу 19:00 часот подметнал пожар покрај патот кој води кон село Калаузлија, кој бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш. При преземање […]
-Вчера во 17:25 часот, во кругот на ЈПКД Комуналец во објектите кои се користат како магацини избувна голем пожар. Веднаш беа испратени 4 ПП возила и 15 пожарникари-спасители, објавија од ТППЕ Струмица. Во обвјавата се наведува дека пожарот бил во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. -Беше побарано од страна на ЕВН да се […]
СВР Струмица известува дека на крстосницата од ул. „Младинска“ и ул. „Панче Пешев“ во Струмица, патничко возило Mercedes со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Т. (66) од Струмица, удрило во пешакот К.Б. (82) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и […]
„На 29.09.2025 во 20:55 часот во село Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага и ПО Кривогаштани го лишија од слобода С.М. (31) од Штип, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица“, информираа од полицијата. С.М. е осуден на казна затвор во времетраење од пет […]
На 29.09.2025 во 16:30 часот во село Моноспитово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Н.(45) од истото село затоа што кај него е пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 29.09.2025 во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.С.(46) од село Тимјаник, неготинско, пријавил […]
МВР соопшти дека вчера во 20:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Младинска“ и ул.„Панче Пешев“ во Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Т.(66) од Струмица, удрило во пешакот К.Б.(82) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен […]
На 26.09.2025 во 19.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.В.(54) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од 50 – годишна жена со престој во Струмица барал да му даде пари, во спротивно ќе објавел нејзини видеа со експлицитна содржина. По пријавениот настан и направени консултации со јавен обвинител […]
СВР Струмица денеска соопшти дека вчера во 11:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на местото „Шарен мост“, товарно возило „ман“ (цистерна) со полуприколка со винички регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(42) од с.Јосифово, валандовско, се превртело на патот, а приколката се запалила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил […]
МВР соопшти дека вчера во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека во Струмица одзел патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Возилото било пронајдено, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица. При преглед кај него бил пронајден и предмет одземен […]