Советот на општина Дојран на денешната вонредна седница, едногласно ја донесе одлуката за доделување парични средства во висина од 500.000 денари на семејствата на настраданите и повредените од трагичниот настан во Кочани.
-Токму овој парк е симбол на младоста на многу генерации, во него се создадени безброј спомени кои со задоволство ги чуваме и прераскажуваме. Затоа, реконструкцијата е неопходна, за создавање на нови спомени и продолжување на традицијата на собирање на жителите од Нов Дојран баш во срцето на ова населено место – градскиот парк, објави градоначалникот […]
СВР Струмица соопшти дека завчера во 23:00 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека околу 22:40 часот на локален пат кај село Црничани, дојранско, настанал пожар во товарно возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки во движење, управувано од Ѓ.С.(38) од Богданци. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија. […]
Денес го одбележуваме големиот христијански празник Богојавление – Водици, ден на осветување, духовно прочистување и зацврстување на верата. Овој свет ден е симбол на нов почеток, благослов и сплотеност, кој нè поттикнува да ги негуваме христијанските вредности и нашите традиции. Во овие моменти, кога чинот на осветување на водата ни носи некој неопислив спокој и […]
-Привршува изградбата на новата и модерна пречистителна станица. Ова е најголемиот проект за заштита на Дојранското Езеро од кој сите ние и идните генерации ќе ги почувствуваме бенефитите, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
-Денес, нашите дечиња, коледарчиња, со Бадникова поворка гласно ја вознесоа веста за Христовото раѓање. На овој начин најмалите ни донесоа радост и ја покажаа убавината на нашата традиција, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. -Поворката тргна од храмот „Св. вмч. Георгиј“- Нов Дојран, по улицата “Маршал Тито” и заврши во дворот на ООУ “Кочо Рацин” […]
-На мое огромно задоволство, по мој предлог, на Седница на Совет беше донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка за сите дечиња, односно општина Дојран за првпат обезбедува бесплатна градинка за сите дечиња согласно капацитетот на градинката, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. -Ова е социјална мерка со која во […]
Преку проектот во соработка со Германскoто друштво за меѓународна соработка (ГИС) се изработи подземен катастар за комунална инфраструктура, пронаоѓање загуби на вода, поставување скада системи, мерни инструменти и слично, објави градоначалникот Анго Ангов. Според него, ова е основа за изработка на хидрауличниот модел кој се работи во моментот за регулирање на притисокот и протоците на […]
-Најголемата еколошка акција за расчистување на крајбрежјето.Врвен приоритет е Дојранското Езеро.Хидросистемот мора да се реконструира и да се стави во функција.Благодарност за усвоената информација од Владата и укажаното разбирање за проблемот со хидросистемот и моменталната ситуација, која беше поднесена од страна на општина Дојран.Благодарност до сите оние кои дојдоа и учествуваа во оваа еко-акција.Благодарност и […]
-Како што најавивме претходно, Ве известуваме и Ве покануваме на најголемата еколошка акција за чистење на крајбрежјето на Дојранското Езеро. Да ја покажеме грижата за Дојранското Езеро, а со ова исто така да испратиме силна порака до надлежното Министерство за животна средина дека Хидросистемот мора да биде пуштен. Се надеваме на позитивен исход и разбирање, […]