По поројниот дожд од вчера, денеска интензивно се работи на санација на штетите на улиците во Дрвош и поправка на водоводната и електричната мрежа во населените места, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. Според него, од вчерашното невреме има штети и на водоводната мрежа во село Моноспитово.
Општина Босилово денес започна со реализација на една креативна и интересна кампања насловена како „Еколошка пролет во Босилово!“ Кампањата ќе се реализира во наредните два месеци и ќе опфати повеќе активности и настани, но она што посебно е интересно е тоа што општина Босилово денес ќе врши дистрибуција на овошни садници во замена за пластични […]
-Денеска во Еднокуќево со поддршка на граѓаните се чистеа јавни површини. Акцијата продолжува и наредните денови во другите населени места, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.
-Денеска започнаа активности за изградба на бушотина, потисен цевковод и секундарна водоводна мрежа во Гечерлија. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 8.400.000 денари, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.
Потребите, барањата и очекувањата на граѓаните се големи, а нашите реални можности се лимитирани. Ваквата состојба не нѐ демотивира, напротив, дополнително не поттикнува да го вложиме целиот свој капацитет и знаење и неуморно да работиме за остварување на нашата заедничка цел – модерна и економски развиена општина Босилово. Во изминатите сто дена покажавме како се […]
Поради лошите временски услови и здравствената криза изминатиот период работиме со намалени капацитети. И во вакви услови деновиве се реализираат повеќе активности, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. – уредување на задниот дворот во комуналното претпријатие и негово приспособување за паркинг простор, – поставување на одводна мрежа за пензионерскиот клуб Босилово- започна изградбата на гаража […]
Зоран Горгиев од Просениково, кој го фати крстот на Водици во Пјаченца-Италија, собраните средства во износ од 680 евра ги донираше на социјално ранливи семејства од општина Босилово. Единаесет семејства од Босилово добија пакети со основни прехранбени продукти. -Во името на граѓаните на општина Босилово изразувам благодарност до Зоран Горгиев и неговото семејство за помошта, […]
– Се санира втората критична точка на река Струмица – Се чисти депонијата во Бориево- Се чисти и обновува паркот во Робово- Средби со тутунарите – Се чистеја јавни површини во Босилово. Во рамките на капацитетите и можностите продолжуваме и понатаму и во другите населени места. Простор и потреба за работа има уште многу, објави […]
-Намали ја брзината! За твоја и наша безбедност! Кампања на општина Босилово за подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално. Затоа апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја намалат брзината бидејки се работи за здравјето и животот на секој од нас, објави денеска градоначалникот на Босилово, […]