Вчера, на 31 мај 2026 година, по повод големиот христијански празник Св. Троица (Духовден), во селото Дабиле се одржа првото издание на крос-трката „Мое Дабиле-Св.Троица 2026“, во организација на новоформираното Здружение на граѓани „Мое Дабиле“ и со помош на локалните фирми и поединци кои несебично ја помогнаа овој настан. Настанот помина во одлична атмосфера, со големо учество […]
Радовиш изминатиот викенд живееше во ритамот на борењето. Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот беа дел од јубилејното 50-то издание на Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан кој уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот. Турнирот официјално го отвори […]
Струмица следната сезона останува без претставник во фудбалската елита, откако екипата на АП Брера го загуби прволигашкиот статус. Во решавачкиот бараж натпревар одигран во Битола, струмичани претрпеа минимален пораз од 1-0 од досегашниот второлигаш Скопје. Со овој епилог, двете екипи си ги заменуваат улогите – Брера од есен ќе се натпреварува во вториот ранг на […]
Четири фудбалски екипи на 31 мај ќе ги одиграат бараж-натпреварите за пополнување на последните две места во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) за следната сезона. Прволигашите Брера Струмица и Пелистер од Битола ќе се обидат да го задржат статусот во елитното друштво, додека второлигашите Скопје и Шкендија Арачиново ќе се борат за промоција во највисокиот […]
Градот Радовиш викендов ќе биде центар на македонскиот спорт и забава. Во сабота, на 30 мај, ќе се одржи јубилејното 50-то издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан кој ветува незаборавно искуство за сите генерации. Забава за сите генерации во Fan Zone Програмата започнува во 13:30 часот со отворање на богатата Fan Zone на […]
Општина Струмица беше домаќин на „Плазма Спортските игри на младите“, настан кој важи за најголема аматерска спортска манифестација наменета за деца и млади во Европа. Настанот помина во знакот на спортот и младоста, овозможувајќи им на стотици учесници преку спортски активности да се поврзат во духот на пријателството, заедништвото и фер-плејот. Од локалната самоуправа изразија […]
Европската одбојкарска федерација ги потврди термините за одигрување на натпреварите на првиот турнир од Европската лига 2026 чиј домаќин ќе биде Македонија. По променетиот распоред, Македонија ќе ги пречека Холандија и Луксембург во салата „парк“ во Струмица од 5 до 7 јуни. Сите три натпревари се закажани со почеток од 19 часот, а одредени се […]
Кошаркарскиот клуб Струмица 2001 ја информира јавноста дека со внимание ги следи случувањата поврзани со иницијативата на политички субјекти за доделување на парични средства за спортските клубови на седница на Совет на Општина Струмица. Во таа насока, сакаме јасно да истакнеме дека се оградуваме од какви било дневно-политички препукувања и активности во кои спортот би […]
Општина Струмица со три основни училишта учествува во регионалната лига во мал фудбал за основни училишта. Училишните екипи се поделени во две групи, во турнирски систем и секоја од екипите е по еднаш домаќин на еден турнир. Натпреварите се во тек, а најдобрите две екипи од секоја група ќе учествуваат на завршниот фајн фор турнир […]
Екипата на Тиверија Брера го освои трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, откако попладнево со убедливи 5:0 триумфираше во финалниот натпревар одигран на стадионот во Ѓорче Петров. Струмичкиот состав забележа супериорна игра и доминираше во текот на целиот натпревар, не оставајќи простор за изненадување и соопштувајќи го својот квалитет за апсолутно заслужен […]