Пионерите на Брера шампиони на едно коло пред крајот на првенството
Ричлиева во новата сезона ќе настапува во Словачка
Софија Ричлиева, македонската одбојкарска репрезентативка ја продолжува интернационалната кариера во словачкиот Спартак Комарно. Таа потпиша за овој клуб, а минатата сезона настапуваше во Финска, во клубот Џими од Нурмо.
Ричлиева игра на позицијата техничар и во својата досегашна кариера настапувала во Италија, Турција, Косово, Данска, Грција, Хрватска, Шпанија и Финска.