Полициски билтен на СВР Струмица: Приведени насилници во Струмица, Радовиш и Гевгелија
Полициски билтен на СВР Струмица: Приведени насилници во Струмица, Радовиш и Гевгелија

На 28.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.Х.(44) од Струмица. Според пријавеното, тој околу 09:45 часот на јавно место во Струмица се самозадоволувал пред други лица, а откако е приведен во Полициска станица Струмица извршен е претрес над него и била пронајдена марихуана. За преземените мерки бил известен јавен обвинител, а по документирање на случајот против лицето ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 28.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода З.М.(48) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во куќа на ул. „Калаузлиска“ во Радовиш физички ги нападнал Д.С. и З.С. од Радовиш, при што им нанел повреди на телото. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.11.2026 во гевгелиско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 49-годишен жител на тоа село. Според пријавеното тој околу 14:30 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на неговото семејство. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.11.2026 во Струмица, полициски службеникци од СВР Струмица го лишија од слобода З.Н.(45) од Струмица, кој според пријавеното во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 41-годишна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, каде со дрегер му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.11.2026 во Полициската станица Струмица 38-годишна жителка на Струмица пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.11.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека Д.Ј.(43) од Куманово се здобил со повреди при изведување на работни активности во село Габрово, струмичко. Извршен е увид од екипа на СВР Струмица.