НА БОГОРОДИЦА ЦАРИНСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ЗАПЛЕНИЈА ЕДЕН МИЛИОН ПАРЧИЊА ЦИГАРИ ВРЕДНИ 9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

 НА БОГОРОДИЦА ЦАРИНСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ЗАПЛЕНИЈА ЕДЕН МИЛИОН ПАРЧИЊА ЦИГАРИ ВРЕДНИ 9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Царинската управа соопшти дека во акција на царински службеници на граничниот премин Богородица запленети се еден милион парчиња цигари без акцизни маркички во вредност од девет милиони денари, откриени при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит.

Со оваа акција спречен е обид за криумчарење и избегнување на увозни давачки во износ од 13,7 милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, е приведен и против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење.

Во случајот, возилото на влез во државата, било пријавено за транзит на стока – пропиленски гранулати. Поради сомневање, од страна на царинските службеници истото е селектирано за детален преглед, при што пронајдени се 100 картонски кутии со вкупно 5.000 непријавени штеки цигари.

Ова е втор ваков случај на спречен обид за криумчарење цигари без акцизни маркички во вакви размери на граничниот премин Богородица годинава.

Оваа акција е уште еден доказ за сеопфатниот пристап во нашите заложби за сузбивање на нелегалната трговија со тутун, со активно делување на сите полиња, преку контроли на границите, на внатрешниот пазар и засилени истражни дејствија.

Share via
Copy link