Наместо да чува ред, продавал дрога: Затворски полицаец од Струмица заврши во 30-дневен притвор

 Наместо да чува ред, продавал дрога: Затворски полицаец од Струмица заврши во 30-дневен притвор

Педесетгодишен затворски полицаец од Струмица заврши во 30-дневен притвор откако полицијата го фатила на дело како продава кокаин пред зградата на Затвор Струмица. При дополнителните претреси во неговиот дом и службените простории, пронајдени се уште дрога, вишок муниција и паричник пријавен за украден.

Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против Р.С. (50) од Струмица, вработен како затворски полицаец, поради сомнение за сторени три кривични дела: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, неовластено држење оружје или распрскувачки материи и кражба.

Акцијата за негово апсење била спроведена на 21 ноември 2026 година, во непосредна близина на Затвор Струмица. Полициските службеници го лишиле од слобода Р.С. во момент додека бил на работното место и пред затворот се обидувал да продаде кокаин на друго лице. При прегледот кај него веднаш биле пронајдени три пакувања со кокаин.

По апсењето, полицијата извршила претреси во домот на осомничениот, како и во службените простории и ормарот што тој ги користел во рамки на затворот. Таму биле откриени дополнителни количини на наркотици, односно повеќе пакувања со кокаин, пакување со марихуана и дигитална вага.

Покрај дрогата, во службениот ормар на затворскиот полицаец биле пронајдени куршуми за пиштол во количина поголема од онаа што тој официјално ја имал задолжено за извршување на службените задачи.

Исто така, при претресот полицијата нашла и паричник за кој било утврдено дека потекнува од кражба пријавена истиот

По документирањето на случајот и известувањето на јавниот обвинител, осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица, а потоа изведен пред судија на претходна постапка.

Надлежниот суд му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Share via
Copy link