Полициски билтен:пронајдена почината жена во Удово,семејно насилство, управувал возило под „гас“
Полициски билтен:пронајдена почината жена во Удово,семејно насилство, управувал возило под „гас“

На 17.11.2026 во 09:45 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека во куќа во с.Удово, валандовско, била пронајден почината В.Д.(62) од с.Удово. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на ОВР Валандово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
На 17.11.2026 во 15:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Х.(32) од Струмица. Според пријавеното, тој околу 02:00 часот во домот на неговата поранешна сопруга, агресивно се однесувал кон неа. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ноќеска (18.11.2026) во 03:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ѓ.К.(47) од Гевгелија. Според пријавеното, околу 01:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 72-годишна мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.11.2026 во 18:20 часот во Полициската станица Гевгелија, 34-годишна жена од Гевгелија пријавила дека нејзиниот брат А.Ч. и се јавил телефонски и агресивно се однесувал кон неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2026 во 15:30 часот на магистрален пат Радовиш-Струмица, крстосница за с.Дукатино, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Л.(74) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Л. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,18 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.