Советот на општина Струмица ја одржа 18. седница

 Советот на општина Струмица ја одржа 18. седница

Предлог – Планот на програмите за развој за 2027 година беше точката со којашто започна денешната 18-та седница на Советот на општина Струмица. Советниците дадоа зелено светло за предлогот кој всушност ги содржи капиталните програми кои претставуваат составен дел на основниот буџет за наредната година.

Усвоени се и Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2026 година, предлог – одлуката за измена и дополнување на буџетот на општина Струмица за 2026 година како и предлог – програмите за измена и дополнување на општинските програми.

На седницата присуствуваше и градоначалникот Петар Јанков кој по горе наведените точки даваше детални одговори на советничките прашања, за планираните и проектите коишто се во тек, за финансиското работење и предизвиците од оваа област, потврдувајќи дека Општината со многу труд финансиски се стабилизира и се движи во позитивна насока.

На денешната седница донесена е одлука за давање на трајно користење на движна ствар – специјализирано комунално возило на ЈПКД „Комуналец“- Струмица, а усвоена и е програмата за работа на општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2027 година.

Усвоени се и неколку одлуки во прилог на јавното претпријатие „Струмица – Гас“, одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 7.5.I од ДУП за Блок 3 и 5 на град Струмица и одлука со која на тројца граѓани на општина Струмица им е доделена парична помош во износ од по 30 илјади денари.

Share via
Copy link