Ловец повреден во ногата од сачма од ловечка пушка

На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка, соопштија од СВР Струмица.
На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото.
Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје.
За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: архива илсутрација