Полициски билтен:жител на Ињево украл цигари и пари, се запалил трактор во Радовиш

 Полициски билтен:жител на Ињево украл цигари и пари, се запалил трактор во Радовиш

На 31.10.2026 година во село Ињево, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода В.М.(39) од истото село. Тој се сомничи дека ноќта на 30/31.10.2026 година извршил две тешки кражби во продавници во с. Ињево, од каде одзел пари и цигари.

Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени предмети поврзани со извршените кривични дела. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на настаните против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.10.2026 во 04:35 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар на трактор „имт 533“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на М.В., паркиран во неговото дворно место во Радовиш. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен е увид.

Share via
Copy link