Полициски билтен:пронајдена дрога во струмичко и валандовско

 Полициски билтен:пронајдена дрога во струмичко и валандовско

На 27.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.Б.(53) од село Василево, струмичко, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. На 28.10.2026, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени 13 бели печурки за кои постои сомневање дека содржат психоактивни својства и кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење. Б.Б е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.10.2026 во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово ги лишија од слобода А.А.(32) од село Чалакли, валандовско и С.С.И.(34) од село Ѓопчели, валандовско. Врз основа на судска наредба биле извршени претреси на домот на А.А. во Валандово и патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на С.С.И., а кое го користел А.А., при што во возилото била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода E.B.(19) од Струмица затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: илустрација архива

Share via
Copy link