Жител на Костурино потешко повреден во сообраќајка кај „Чадорчето“ на Валандовско брдо
Жител на Костурино потешко повреден во сообраќајка кај „Чадорчето“ на Валандовско брдо

На 18.10.2026 околу 18:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово, на делницата од село Костурино до место викано „Чадорче“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.Џ.(60) од село Костурно, струмичко и патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(30) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фиат пунто“, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.