РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА

 РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА

Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.

Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20.Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.

Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија. Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.

Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.

Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.

Share via
Copy link