Билтен на СВР Струмица: Приведувања во Валандово, Радовиш и Струмичко, кривична пријава за лихварство, повреда при работа

 Билтен на СВР Струмица: Приведувања во Валандово, Радовиш и Струмичко, кривична пријава за лихварство, повреда при работа

На 23.11.2026 во 14:30 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода К.Г.(71) од Валандово. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловна пушка марка „застава“ со калибар 12 мм и парчиња ловна муниција, кој ги поседувал без дозвола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.11.2026 во 11:15 часот во Радовиш, полициски службеници ја лишија од слобода Д.С.(40) од Радовиш. При контрола на сообраќајот, полициски службеници сопреле мопед, со радовишки регистарски ознаки, кој таа го управувала и по извршени проверки, било констатирано дека го управувала мопедот, без да поседува возачка дозвола. По документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.11.2026год во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување медицинска помош бил донесен Н.П.(62) од с. Ињево, радовишко, кој според пријавеното, со повредите се здобил при извршување работи во плац за дрва. Лицето било пренесено во Медицински центар Штип, а увид на местото изврши екипа на ОВР Радовиш.

На 24.11.2026 во 01:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 46-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, на 23.11.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.С.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ и „изнуда“. Пријавениот, во периодот од почетокот на април 2026 до крајот на јули 2026, на лице од Струмица, му давал пари на заем со обврска за враќање на износ, значително повисок од примената сума, а потоа заради наплата на побаруваните пари, му упатувал закани по неговиот живот и животот на неговото семејство, употребувајќи физичко насилство врз него.

Share via
Copy link