Билтен на СВР Струмица: Уапсени тројца несовесни возачи во Радовишко, насилник во Струмичко и осуденик во Стар Дојран

 Билтен на СВР Струмица: Уапсени тројца несовесни возачи во Радовишко, насилник во Струмичко и осуденик во Стар Дојран

На 22.11.2026 во 16:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.М.(65) од с.Раклиш, радовишко. Тој се барал по потерница за издржување казна затвор во траење од шест месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Затвор Струмица за издржување на казната.

На 22.11.2026 во 22:50 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 22-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 19-годишна сопруга, како и две други женски лица кои биле присутни во домот.  

На 22.11.2026 во 08:15 часот на регионален пат с.Подареш – с.Смиланци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Б.Ј.(42) од село Злеово, радовишко. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „рено“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ј.. Од преземените мерки е утврдено дека тој возилото го управува без да поседува возачка дозвола и нерегистрирано. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

На 22.11.2026 во 09:00 часот на регионален пат с. Подареш – с.Смиланци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода О.А.(18) од село Калаузлија, радовишко. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „голф“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал О.А.. Од преземените мерки е утврдено дека тој возилото го управува без да поседува возачка дозвола и нерегистрирано. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

На 22.11.2026 година во 08:20 часот на регионален пат с. Подареш – с.Смиланци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ј.К.(56) од село Ораовица, радовишко. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.К.. Од преземените мерки е утврдено дека тој возилото го управува без да поседува возачка дозвола и нерегистрирано. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Share via
Copy link